Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е земја со најскап бензин во светот

Ова е земја со најскап бензин во светот

Зимбабве е земја со најскап бензин на светот, а оваа титула ја доби откако Владата во земјата реши да ја зголеми двојно цената. 

Оваа одлука предизвика незадоволство кај граѓаните кои три дена штрајкуваа. 

Зимбаве е во криза, има недостиг на девизи, и затоа во земјата има недостиг на леб, гориво, а многу компании престанаа со работа затоа што не можат да увезуваат суровини. 

По хиперинфлација во 2009 година, земјата ја уника националната валута зимбабвеански долар, и почна да користи американски долар и јужноафрикански ранд. 

Поради кризата за викендот, Владата соопшти дека за година дена ќе воведе своја валута. 

Цената од 3,33 долари по литар бензин е најскапа во светот. 

Слично

Поврзани вести