Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е земја каде Катар ќе истури многу пари

Ова е земја каде Катар ќе истури многу пари

Катар ќе вложи многу пари во САД. 

Инвестициската агенција планира да го зголеми износот на инвестиции во САД од околу 30 на 45 милијарди долари во рок од две години.

„Катарскиот фонд сака да избалансира инвестиции САД-Европа“, изјави Мансур бин Ебрахим ал Махмуд, извршен директор на Агенцијата.

Од МНР на Катар велат дека денешните разговори на американскиот државен секретар Мајк Помпео со катарски официјални претставници се втора рунда од американско-катарскиот дијалог, и ќе бидат фокусирани на прашања од полето на политиката, економијата, одбраната и културата. Првата стратешка рунда е одржана во јануари минатата година во САД.

Но, Катар ќе вложи многу пари и во Германија. 

Катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани најави 10 милијарди евра директни инвестиции во Германија во следните пет години.

Слично

Поврзани вести