Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е вредноста на извозот во првиот квартал

Ова е вредноста на извозот во првиот квартал

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република  Македонија, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 69 479 068 илјади денари и бележи пораст од 14.5% во 
однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-март 2017 година, 
изнесува 95 651 924 илјади денари што е за 14.3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 26 172 856 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-март 2017, изнесува 72.6%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со  благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,  фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,  нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и 
нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-март годинава, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

За споредба вкупната вредност на извозот на стоки од  Република Македонија, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 266 650 320 илјади денари и 
бележи пораст од 6.8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 376 130 328 илјади денари што е за 5.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Слично

Поврзани вести