Ова е тимот на обвинители на Катица Јанева, меѓу нив и контраверзни имиња
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го објави списокот од 14 имиња од обвинители кои ќе работат со неа, во истражувањето кривични дела од прислушуваните разговори.
Она што ја изненади јавноста беше името на Лиле Стефанова, обвинителката која го покрена предметот ,,Ликвидација” во кој беше осуден со затворска казна новинарот Томислав Кежаровски.
Стефанова доаѓа од Обвинителството за организиран криминал, во моментот е актуелна во предистражната постапка за случајот корупција во Маѓар Телеком, кој Обвинителството го отвори „по допрен глас од јавноста". Taа минатата недела четири часа таа го сослушуваше Слободан Богоевски како сведок во аферата.
Таа беше обвинителка и за кражбите на Музејот Македонија, во случајот Пајажина, го обвинуваше Паско Кузман во Фаланга, како и Мирослав Шиповиќ во акцијата Претседавач.
Останати попознати обвинители се Снежана Бундалевска која го водеше предметот „Тајвански кредити“ во кој обвинет беше Васил Тупурковски. Дел од тимот е и Трајче Пеливанов, обвинител против очниот хирург Дејан Ставриќ.
Најголемиот дел од останатите имиња се непознати за јавноста, но Јанева тврди дека се избрани според нивната стручност.
,,Станува збор за истакнати професионалци и стручни обвинители. Овој број на обвинители сметам дека е неопходен за успешно исполнување на обврските на специјалното обвинителство со кое ќе раководам и упатувам апел до советот на обвинители што побрзо да ги назначи” вели специјалната обвинителката Катица Јаневa.
На списокот се најдоја имињата: Артан Ајрo, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов и Фатиме Фетаи.
Јанева тврди дека до 15ти октомври ќе бидат назначени и истражителите во случајот.
