Ова е распоредот на натпреварите за СП 2015 во Катар
По одредувањето на групите за групната фаза на СП 2015 во Катар, беше утврден и распоредот на натпреварите. Во првото коло ќе се судриме со својот стар познаник, селекцијата на Австрија, а најтежок ќе биде натпреварот од третото коло, против репрезентацијата на Хрватска. Последните две кола, против БиХ и Иран, се можност за остварување на што подобар пласман во групата и полесен противник во осминафиналето, каде вкрстуваме со групата А (Шпанија, Словенија, Катар, Белорусија, Бразил и Чиле).
Распоред на натпреварите:
| 1.Коло | Хрватска – Иран | БиХ – Тунис | Македонија – Австрија |
| 2.Коло | Иран – Австрија | Тунис – Македонија | Хрватска – БиХ |
| 3.Коло | БиХ – Иран | Македонија – Хрватска | Австрија -Тунис |
| 4.Коло | Иран – Тунис | Хрватска – Австрија | БиХ – Македонија |
| 5.Коло | Македонија – Иран | Австрија – БиХ | Тунис – Хрватска |
Вкрстувањето со групата А ќе оди според познатата шема: А1 – Б4, А2 – Б3, А3 – Б2 и А4 – Б1.
Ако ги поминеме овие две фази (групната и осминафиналната), тогаш во четврт-финалето ќе вкрстуваме со останатите две групи (Ц и Д), според шемата: Б1А4 – Д3Ц2, Б3А2 – Д1Ц4, А1Б4 – Ц3Д2 и А3Б2 – Ц1Д4
