ОВА Е ПИЛОТОТ КОЈ ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО ЗА ВРЕМЕ НА БЕСНЕЕЊЕТО НА „ЈУНИС“-Успеа да слета во моќното невреме-„за мене беше уште еден работен ден“
Српскиот пилот
Марко Отањац стана главна вест во домашните и светските медиуми кога среде
невремето„Јунис“ успеа да слета на лондонскиот аеродром „Хитроу“. Специјализиран
YouTube канал го следеше слетувањето на авионите на лондонскиот аеродром Хитроу
за време на невремето што ја погоди Британија
Меѓу авионите кои се бореле со силниот ветер бил и авионот „ЕрСрбија“, а пилотот уште во првиот обид успеал да слета на пистата и со тоа воодушеви милиони луѓе. Марко Отањац вели дека ова му бил само уште еден работен ден, а бил изненаден од медиумското внимание кое го добило неговото слетување.
- Летав со Ербас А319 Ер Србија, кој слета на лондонскиот аеродром Хитроу, што на нсшр изненадување привлече значително медиумско внимание. Други членови на екипажот на овој лет беа копилотот БојанМариќ, како и членовите на кабинскиот екипаж Наташа Протиќ, Љубица Павловиќи Ања Радојевиќ. Што се однесува до нас, тоа беше само уште едно слетување, иако во тешки временски услови, имајќи предвид дека тој ден како и претходните, имаше многу моќно невреме над тој дел од Европа наречено Јунис. Оперативен центар цело време ги следеше временските услови и даваше проценки - вели Марко за Информер.

- За нас тоа е само уште еден работен ден, памалку сме изненадени од сето ова внимание што го добивме, но сепак разбираме дека за тоа придонесе неколку часовниот пренос во живо на YouTube, проследен од стотици илјади гледачи во живо, како и социјалните мрежи на кои снимката исто така брзо се прошири. Во секој случај, драго ни е што е така, бидејќи граѓаните имаа можност уште еднаш да видат дека српските пилоти се исклучително добро образовани, обучени и подготвени за различни ситуации - изјави Марко Отањац, менаџер за безбедност во сообраќајот и капетан на авионите А319 Ербас и А320.
to @airserbia for making the landing on the first attempt in todays storm!pic.twitter.com/tp0mSEMTgL
— Lazar Vuković (@VukovicLazar) February 18, 2022
Извор и фото: Информер.рс
