Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oва е најточниот ХОРОСКОП: Прочитајте што вели за вас Африканскиот зодијак

Oва е најточниот ХОРОСКОП: Прочитајте што вели за вас Африканскиот зодијак
  Африканската цивилизација е првата која во историјата се интересирала за ѕвездите, што го прави африканскиот хороскоп најстар и најверојатно најточен. Уверете се сами колку е прецизен. Татко (4 јануари – 3 февруари) Среќен ден: четврток Успешни месеци: јануари и мај Елемент: воздух Дрво: баобаб Боја: зелена Знакот татко е поврзан со Сонцето и светлината. Тие се стабилни и чесни личности кои живеат во реалноста. Внимателни се. Другите имаат доверба во нив и затоа често им се обраќаат за совет. Имаат чувство за добри бизнис зделки, но притоа често ја забораваат хуманоста. Среќни се, но повеќе се потпираат на нивната издржливост, отколку на нивната среќа. Работат многу напорно. Веруваат во себе и во своите одлуки. Љубов:Родените во овој знак бараат стабилна врска која постепено расте и се продлабочува. Сакаат сè да прават заедно со својот партнер; од заедничко живеење, до заеднички патувања. Припадниците на овој знак се најчесто јадрото на врската. Му помагаат и го поддржуваат партнерот. Имаат многу пријатели и сите нив подеднакво ги ценат. Работа:Имаат потреба од висок социјален и професионален статус. Секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Треба повеќе да се изразуваат, да водат проекти или тимови. Важно е што луѓето лесно ги препознаваат нивните способности и квалитети. Здравје: Луѓето родени во овој знак треба да вежбаат за да се ослободат од стресот. Најмногу им одговараат тенис и пливање. Добри за нив се и вежбите кои вклучуваат длабоко дишење, како што се јогата и пилатесот. Потребно е да се ослободат од токсините. Мајка (4 февруари – 5 март) Среќен ден: среда Успешни месеци: февруари и јуни Елемент: воздух Дрво: кокос Боја: сива и сина Знакот мајка е поврзан со Месечината, со илузијата на ноќта, што им овозможува да ја истражуваат својата потсвест. Тие се личности кои смируваат со својот убав, но истовремено и силен изглед. Даваат многу, забавни се и затоа другите им се восхитуваат на нивната човечност и способноста да слушаат. Но, овие луѓе најчесто не се разбрани од другите, затоа што не е лесно да им се пријде. Припадниците на овој знак повеќе сакаат да ги слушаат другите, отколку да зборуваат за себе. Љубов: Во љубовта често се предомислуваат и не се секогаш верни. Тие се духовни и индивидуални личности кои бараат партнерот да ги смета за малку понеобични од сите други. Сакаат долги разговори, еротски средби и сè што може да ја направи врската поинтересна. Не се заинтересирани да бидат само со една личност, но постои можност да го најдат вистинскиот партнер и да останат покрај него, сè додека тој им дава простор и не ги задушува во врската. Работа: Постојано се зафатени и затоа понекогаш треба да застанат малку и да размислат за работите што ги опкружуваат. Потребно им е слободно време, за да може подобро да функционираат. Може да ја сменат работата неколку пати. Можно е дури и да се ориентираат кон друга кариера. Опкружени се со луѓе кои секогаш им даваат добронамерни совети. Здравје: Родените во овој знак треба да јадат здрава и лесна храна и да му се спротивстават на искушението на слатките. Потребно е да внимаваат на коските и белите дробови. Не го обожаваат спортот, но добро е понекогаш да излезат на свеж воздух.
Слично

Поврзани вести