Ова е најскапиот град во светот веќе три години по ред
Еден ист град веќе трета година по ред ја држи титулата најскап град на светот. Сингапур и понатаму е лидер во луксузот, покажа анкетата на истражувачката агенција „Економист интелиџенс јунит“ (EIU).
Веднаш зад него Цирих, Хонгконг, Женева и Париз.
Лондон и Њујорк ги заземаа шестата и седма позиција на листата, а ги следат Копенхаген, Сеул и Лос Анџелес, пренесе британскиот јавен сервис БиБиСи.
Најефтин град на светот е Лусака, а во тоа друштво со престолнината на Замбија се и Бангалор и Мумбаи во Индија, според резултатите на анкетата.
Истражувањето опфатило 133 града ширум светот, при што како референца за споредба е земен Њујорк додека споредбите на трошоците се правени кај 160 услуги и производи, вклучувајќи ја храната, облеката и режијата.
Иако Сингапур е рангиран како најскап, трошоците за живот во тој град сега се за десет одсто пониски од Њујорк во однос на ситуацијата од пред година дена.
