ОВА Е НАЈРИЗИЧНАТА ПРОФЕСИЈА НА СВЕТОТ: Oвој човек работи по цел Балкан
Мирко Тодоровиќ(40) од Добој, БиХ веќе 21 година работи како деминер, при што отстранува мини на подрачје на БиХ, Србија, Косово, Хрватска, Македонија, Кипар и Турција.
Основниот курс го завршил во 1996 година во Сараево, по што се усовршувал.
За својата работа вели дека е ризична, опасна, а многу од неговите колеги заминуваат да работат во странство.
„Деминер сум од 1997 година, а дневницата е 50 конвертабилни марки, и тој износ не е зголемен дваесет години, а куповната моќ е сега многу полоша“ - вели Тодоровиќ.
Раскажува дека најтешко е да се работи во БиХ, посебно во околината на Добој каде има многу мини.
Бил сведок на 12 инциденти во кои страдале колеги од неговиот тим.
Слично
