Oва е најплатена професија во Македонија
Според висината на исплатените просечни плати во јануари, најплатени со месечни примања од 45.051 денари биле вработените во секторот маркетинг и истражување на пазарот. Oсвен тоа, информатичари, пилоти и финансиски сектор се професиите кои носат најголема заработка во моментов во Македонија.
Во секторот на воздухопловство, висината на просечниот личен доход достигнала 68.166 денари во ноември лани покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика. Над просекот се и платите исплатени во телекомуникацискиот сектор со 50.097 денари и финансиските и услужни дејности имале просечна месечна заработка од 43.740 денари.
Наспроти нив најниско платени професии se рибарството,угостителството и текстилната индустрија покажуваат статистичките податоци.
Што се однесува до фармацевтската инфустрија, енергетскиот сектор и консалтинг услугите податоците велат дека вработените земаат од 37.000 до 39.000 денари.
Наспроти нив кожарите и текстилците со месечни примања од 11.187 денари, односно 11.926 денари се најмалку платени работници.
Во листата најмалку платени се вбројуваат и вработените во дрвната индустрија кои во јануари просечно земале плати од 13.519 денари. Неколку стотина денари повеќе од нив земале чистачките на згради – просек од 13.746 денари.
Угостителите бележат просечна плата од 14.157 денари
Мажите и натаму полесно наоѓаат работа и се подобро платени од жените, а лицата со завршено високо и вишо образование се значително подобро позиционирани на пазарот на трудот, отколку оние со основно и средно образование, покажуваат податоците. Најголем дел од невработените се лица со средно образование.
Инаку, во односна просечната плата Македонија се најде на дното на листата меѓу соседите. Просечната плата за време на последните статистички податоци од јануари 2015 е нешто околу 350 евра.
