Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oва е најдобрата земја во светот за 2016-та

Oва е најдобрата земја во светот за 2016-та

Извештајот презентиран на годишната средба на Светскиот економски форум во Давос, утврди кои се најдобрите земји во светот. На прво место оваа година е наградена Германија.

Земјата  се најде на првото место, делумно поради силната економија, влијанието во светот и насоченоста кон клучните светски прашања, како што се мигрантската криза и единството на еврозоната“ се наведува во анализата.

Во листата на 10 најдобри земји, се најдоа 5 членки на ЕУ, а САД се прогласени за најмоќна земја на светот.

На листата на најдобри земји на светот, после Германија, следуваат и Канада, Британија, САД, Шведска, Австралија, Јапонија, Франција, Холандија и Данска.

Кина, Германија и САД се најдобри земји за започнување на кариера, додека Тајланд, Малезија и Филипини се најдобри земји за почеток на бизнис.

Најдобри земји за вложување инвестиции се Индија, Сингапур и Виетнам. Додека Британија, Канада и САД се прогласени за најдобри змеји за образование. За подигање и воспитување на деца најдобри земји се Шведска, Данска и Канада.

Според анализата, Луксембург има најповолни услови за бизнис, Италија е земја со најбогата традиција, Бразил е најдобра земја за посета, додека Канада е земја со најдобар квалитет на животот.

За развојот на извештајот се спроведени консултации со над 16 200 лица, меѓу кои и бизнис лидери. Во истражувањето се вклучени околу 60 држави во светот.

Анализата ја изработиле U.S. News & World Report, консултантска компанија BAV и Универзитетот Вортон во Пенсилванија.

Слично

Поврзани вести