Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е МАЈКАТА ЗАКЛАНА ОД СОПСТВЕНИОТ СИН - морничави детали од масакрот во Чачак, Илија и претходно им се заканувал со нож на родителите

ОВА Е МАЈКАТА ЗАКЛАНА ОД СОПСТВЕНИОТ СИН - морничави детали од масакрот во Чачак, Илија и претходно им се заканувал со нож на родителите

Слаѓана, Сретен и Милан Г. се убиени синоќа околу 23 часот, кога со нож биле избодени од нивниот син и внук Илија Г.!

Невиден хорор се случил во населбата во Чачак, Атеница, а телата на најблиските во локва крв ги пронашол братот на Илија кога околу 2 часот се вратил дома од излегување.

Во блиската кафеана изјавиле дека Илија секојдневно купувал храна од нив и дека дошол со својата девојка.

„Да ви кажам, никој не го очекуваше ова. Ние сме зачудени. Знаевме дека има проблем со дрогата, но никогаш не правел проблеми“, велат соседите од блиската кафеана и додаваат дека неговиот брат не живеел со нив, туку во Крагуевац, каде работел во печатница.

Соседите велат дека поради конфликти во семејството, полицијата често интервенирала и дека Илија пред еден месец им се заканувал со нож.

„Неговите родители го пријавиле бидејќи правел проблеми. Полицијата често доаѓаше. Тој пред еден месец ја напуштил психијатриската болница, каде поминал околу еден месец. А потоа ги нападнал со нож“, вели сосед.

Соседката вели дека пред десетина дена сите од соседството биле на еден роденден, а со нив било и семејството на Илија.

„Илија тогаш учтиво се однесуваше и седна со нас на масата. Знаевме дека има проблем. Тогаш беше фин“, вели таа.

Извор и фото: Курир.рс

Слично

Поврзани вести