Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oва е хрватски град кој доби пофалби за прифатливите цени

Oва е хрватски град кој доби пофалби за прифатливите цени

Секојдневно се води дебата за тоа дали цените на хрватскиот Јадран излегле од контрола. Сепак, како што пишува Oslobođenje.ba, посетата на Трпањ покажува малку поинаква слика. Ценовниците на рестораните и кафулињата покажуваат дека сè уште можете да најдете разумни понуди, особено во споредба со најпознатите туристички центри.

Сепак, Трпањ  остава впечаток на место кое сè уште не подлегнало на прекумерните зголемувања на цените, пишуваат тие, детално наведувајќи ги бројките од ценовникот. Во еден од угостителските објекти, еспресото 1,53 евра, Американо е малку повеќе - 1,79 евра, додека капучино чини 2,56 евра, а бело кафе чини 2,30 евра.

Кока-кола, Фанта или Спрајт генерално чинат помеѓу 3,07  евра и 3,58  евра, а природните сокови по 3,58  евра, лимонадата е 3,58  евра до 4,60 евра, додека половина литар минерална вода се продава за 4,09  евра. 

Најинтересниот дел од ценовникот, сепак, е храната. Класичните пици како Маргарита, Капричоза или Славонска чинат помеѓу 10,23 евра и 13,29 евра, додека премиум пиците се движат од 12,78 евра до 15,34 евра. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести