Oва е границата за цената на нафтата
Нафтата нема да надмине цена од 80 долари за барел, независно од мерките договорени на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници. Ова го прогнозира Абхишек Кумар, виш аналитичар во „Interfax Global Energy“.
„Секоја цена треба да ги задоволува и производителите на нафта и корисниците. Од оваа гледна точка, секоја вредност меѓу 60 и 80 долари за барел е реална“, вели Кумар.
Цените на нафтата и на природниот гас ќе се намалуваат, категоричен е и пазарниот аналитичар Чарлс Ненер. Вели дека претстојната нова економска криза ќе ја намали побарувачката на „црното злато“ и синото гориво.
„Цената ќе падне на подолг период на време. Тоа не може да се оддаде толку на активностите на Катар, колку на фактот дека луѓето ќе имаат потреба од помалку енергија поради претстојната криза. Цените генерално ќе паѓаат, тоа важи и за природниот гас“, рече тој.
Излегувањето на Катар од ОПЕК и концентрирањето само на пазарот на природен гас нема да го промени вкупниот тренд, смета Ненер.
ОПЕК и Русија се договорија да го намалат производството и дда ја зголемат цената на нафтата.
Се намалува производството за 1,2 милиони барели нафта дневно и покрај притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп да не се зголемуваат цените. ОПЕК од јануари следната година ќе го намали производството за 800 милиони барели дневно , а независните производители за дополнителни 400 милиони барели.
