ИЗГОР ЦЕНИ: Ова е европска земја со скапа храна и живеалишта
Швајцарија е земја која од другите држави на континентот се двои по високите цени на живеалиштата, но и по скапата храна.
Во Швајцарија цените на живеалиштата се за 73,9 отсто повисоки од просекот на Европската Унија. Овој податок се однесува за состојбата во 2018 година. Во Ирска тие се за 56,7 отсто повисоки од просекот во ЕУ, а во Велика Британија за 56,5 отсто. Романија, Полска и Бугарија имаат најевтини цени за домови. Ова го покажуваат податоците на Евростат.
Цените на храната во Швајцарија се за 63,6 отсто повисоки од просекот на ЕУ.
Храната во трите земји што не се дел од ЕУ (Швајцарија, Норвешка и Исланд) е поскапа во споредба со земјите-членки на ЕУ.
фото Википедија
Слично
