Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е БРИТАНСКАТА МОНЕТА СО ЛИКОТ НА КРАЛОТ ЧАРЛС III: Ќе почне да се употребува од декември

ОВА Е БРИТАНСКАТА МОНЕТА СО ЛИКОТ НА КРАЛОТ ЧАРЛС III: Ќе почне да се употребува од декември

Новите британски монети со портретот на кралот Чарлс III изработени во "Royal Mint" веќе се обелоденети.

Ликот на кралот Чарлс е на две монети во специјалната серија, едната од пет фунти, а другата од 50 пени, пишува Банкар.

Монетите ќе влезат во оптек „наредниве месеци“, најверојатно во декември, соопштија од "Royal Mint"

Официјалниот портрет на кралот на идните монети е дело на Мартин Џенингс.

„Според традицијата, портретот на кралот е свртен лево, во спротивна насока од оној на кралицата Елизабета Втора на британските монети кои сега се во оптек“, соопштија од Кралската ковачница на монети.

На задната страна на комеморативната монета од 5 фунти ќе бидат прикажани два нови портрети на Елизабета Втора, потпишани од уметникот Џон Бергдал.

„Сите британски монети со ликот на Елизабета Втора ќе останат во оптек“, соопшти Кралската ковачница, институцијата која е одговорна за портретите на кралското семејство на монети повеќе од 1.100 години.

Во моментов има 27 милијарди монети со ликот на Елизабета Втора во оптек во Обединетото Кралство и тие постепено ќе бидат заменети кога ќе се оштетат. 


ФОТО: EPA/TOM HARRISON HANDOUT

Слично

Поврзани вести