Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова беше опасен инцидент, вели Милановиќ за паднатиот дрон

Ова беше опасен инцидент, вели Милановиќ за паднатиот дрон

Ова беше опасен инцидент, членка сме на НАТО, но мора да се грижиме за сопствената безбедност, вели хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за дронот кој падна во Загреб. 

Тој денеска изјави дека граѓаните се безбедни и побара итно обезбедување средства за зајакнување на системот за противвоздушна одбрана. Претседателот додаде дека истрагата за несреќата е во тек и дека, како што кажа, нема да навлегува во детали. 

„Би ги повикал и другите кои на секои 15 минути им се обраќаат на медиумите од пред кратерот да не го прават тоа, а особено да не одат таму без потреба“, порача Милановиќ.

Тој вели дека проектилот ја прелетал Унгарија.

„Во контакт сме со унгарската страна, но таму ништо значајно не може да се смени. Научивме нешто од ова, ние сме членка на НАТО, но ние сме единствените кои се грижиме за сопствената безбедност“, рече Милановиќ. 

Бомба во беспилотнoто воено летало што се урна во четвртокот во Загреб, тежела 120 килограми и експлодирала под земја, јави Хрватската радио-телевизија, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана (МО), кое тврди дека последиците би биле катастрофални доколку леталото удрело во асфалт или бетон.

ХРТ наведува дека „висок извор во Министерството за одбрана“ тврди дека бомбата била пронајдена во леталото тешко до 120 килограми, но дека удрила во меко тло и експлодирала под земја.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера рече дека Србија не треба да биде дел од НАТО и дека треба да го чува сопственото небо, а во контекст на тоа и дека српската воздухопловна одбрана би го срушила за 5 минути беспилотното летало кое падна до студентски дом во близина на Загреб.

Слично

Поврзани вести