Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отворени салите за операција на дигестивна хирургија

Отворени салите за операција на дигестивна хирургија

После паузата од неколку дена денеска лекарите од Клиниката за абдоменална хирургија продолжуваат со работа.

Вратите на клиниката и операционите сали беа затворени за пациенти освен оние итните, неколку дена поради револт на докторите кои се решија на овој чекор откако нервозен пациент поради починатата мајка пукаше во хирург.

Имено, лекарите излегоа и на мал протест во дворот на клиниката преку кој го искажаа револтот. Тие побараа закон кој ќе штити бидејќи сметаат дека нивната професија се деградира.

Со транспаренти во раце „Закон за лекарската дејност“ лекарите побараа бенифициран стаж,  Закон за сестринска и акушерска дејност и систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници, и да се исклучи Мој Термин.

Слично

Поврзани вести