Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТВОРЕНИ ПРЕМИНИТЕ ЈАРИЊЕ И БРЊАК: Отстранети се сите барикади од страната на КиМ

ОТВОРЕНИ ПРЕМИНИТЕ ЈАРИЊЕ И БРЊАК: Отстранети се сите барикади од страната на КиМ

Административните премини Јариње и Брњак се отворени за сообраќај откако во утринските часови беа отстранети сите барикади на северот на Република Косово.

Од полицијата потсетуваат дека премините Јариње и Брњак беа затворени од 10 декември кога беа поставени барикади на патиштата во општините на северот на Косово.

Според досегашните информации барикадите се отстранети, а потоа и отворање на двата гранични премини Јариње и Брњак кои денеска во попладневните часови се отворени за сообраќај, се наведува на Фејсбук страната на косовската полиција.

Се додава дека „тие ќе продолжат да обезбедуваат слобода на движење за сите граѓани во соработка со локалните и меѓународните институции“.

„И покрај создадените околности, косовската полиција беше ангажирана во сите форми за помагање на барањата и потребите на граѓаните без разлика, како и за одржување на редот и јавната безбедност. Полициските службеници на северот на земјата и на овие два гранични премини ќе продолжуваат да ги исполнуваат своите должности и законски обврски во интерес на јавниот и уставниот поредок“, велат од косовската полиција.

Слично

Поврзани вести