Отворена новата зграда на босанското ИВЗ, најголем донатор гтребаше да биде Гадафи и да го носи неговото име
Во сараевската населба Ковачи денеска по 13 години заврши изградбата на Управната зграда на Ријасетот на Исламската заедница во Босна и Херцеговина. Според Исламската заедница, проектот чинел околу 8 милиони евра.
Бројни гости од верскиот, политичкиот и општествениот живот денеска присуствуваа на свеченото отворање на зградата „Ријасет ИЗ“, чија изградба почна далечната 2009 година, но поради недостиг на средства, работите беа стопирани осум години.
Имено, потенцијално најголем донатор беше либискиот претседател Моамер Гадафи, кој требаше да обезбеди близу пет милиони евра. Уште во 2010 година едногласно беше прифатено административната зграда на Исламската заедница да го носи името „Вакуф Моамер Гадафи“, но по неговото убиство целата работа беше прекината и парите никогаш не беа исплатени.
Сите управи, дирекции и други служби на Ријасет ќе бидат лоцирани под еден покрив по завршувањето на изградбата. Најголем донатор е Република Турција, а во финансирањето на изградбата учествуваа и домашни бизнисмени.
