Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mожност за турски инвестиции во хемиската, автомобилската и текстилната индустрија

Mожност за турски инвестиции во хемиската, автомобилската и текстилната индустрија
Единаесет турски бизнисмени  од регионот Ајдин, ќе ги проверуваат можностите за инвестирање и соработка со македонските компании за време на Македонско-турскиот бизнис форум во Скопје, организиран од Сојузот  на стопански комори (ССК) во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Станува збор за претставници на мали и средни компании областа на прехранбената, текстилната, дрвопреработувачката и металната  индустрија , соопшти Митко Алексов, извршниот директор на Сојузот на стопански комори кој смета дека има  можност за заеднички вложувања, евентуални помали инвестиции од страна на компаниите од Ајдин и заеднички настап на трети пазари. Како што информираше Алексов Турција традиционално е меѓу првите десет  трговски партнери на Република Македонија, но годинава размената ќе забележи пад за 20% во однос на лани. За оваа година се планира трговската размена да изнесува околу 330 милиони долари, или 3,3 отсто од севкупната размена на Македонија. Од нив 60 милиони долари отпаѓаат на извоз од Македонија во Турција, а 270 милиони на увоз. Турската делегација смета дека има можност за инвестиции. Според Сулејман Коџасерт, претседателот на втората по големина текстилна асоцијација во Турција, Турција и Македонија можат да имаат многу поголема соработка од моменталната, а акко што вели,  потенцијалот е многу поголем од милијарда американски долари годишно. Како најинтересни се посочуваат хемиската, автомобилската и текстилната индустрија. Размената меѓу двете земји во првите три квартали од годинава достигна вредност од 255,57 милиони долари, при што е остварен извоз од 44,17 и увоз од 211,40 милиони долари. Трговскиот дефицит за првите три квартали е 167,23 милиони долари, а учеството на Турција во вкупната размена на Македонија 3,35 отсто. Од Македонија во Турција најмногу се извезуваат текстил, мермер, огноотпорни тули, феросилициум, феросилкоманган, производи од железо и челик и прехранбени производи. Од Турција, пак, најмногу се увезуваат  ткаенини и теписи, моторни возила , прехранбени производи, облека и обувки, електрична опрема, бела техника, цемент, гипс, но и лекови и козметика.
Слично

Поврзани вести