Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отворена канцеларија за 2.000 иселеници во Македонска Каменица

Отворена канцеларија за 2.000 иселеници во Македонска Каменица

Македонија ја доби втората канцеларија за дијаспора и, после Штип, денес Македонска Каменица доби простор кој ќе им стои на располагање на сите 2.000 иселеници од овој крај кои ќе сакаат да ги пренесат сите идеи и да се информираат за поволностите кои им ги нуди општината за инвестирање или некоја друга соработка.

Оваа канцеларија е сместена во оштинската зграда и ќе биде отворена секој работен ден од 8 до 16 часот. За неа ќе биде задолжено едно лице ангажирано од општината.

Според градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменковска, ова е прв чекор кој локалната самоуправа го прави за продлабочување на соработката со дијаспората.

„Многу од нашите сограѓани својата егзистенција ја побараа во странство, затоа наша обврска и желба е да ја подигнеме комуникацијата со нив на повисоко ниво. Со оваа канцеларија иселениците ќе добијат достоен партнер за продлабочување на соработката и за сите иницијативи кои ќе ги имаат“, рече Стаменковска.

На отворањето присутен беше и министерот за иселеништво Едмонд Адеми кој истакна дека ова е голема институционална поддршка која Каменица ја воспоставуваа со дијаспората и која треба да вроди со плод.

„Владата на РМ донесе закон со кој ги поддржува домашните и странските инвестиции, а посебен член од законот е наменет токму за инвестиции од дијаспората се со вел да ги мотивираме уште повеќе да дојдат и да инвестираат во своите родни места. Вакви канцеларии ќе бидат отворени уште во неколку општини низ Македонија“, рече Адеми


Слично

Поврзани вести