Отворен нов погон на „Докатекстил“ во Валандово, ќе вработи 100 лица
Денеска беше отворен новиот погон на текстилната компанија Докатекстил, во индустриската зона „Раброво“ ; чии темели беа поставени кон крајот а март оваа година. Со овој проект се заокружи и инвестицијата која тежи 2,5 милиони евра.
Новиот погон во Валандово ќе отвори работни места за уште 100 лица. Ова, за вицепремиерот Зоран Ставрески, кој присуствување на отворањето, е голем успех.
„Пред една година ги отворивме првите погони на „Докатекстил“ и се овозможи вработување на 250 лица. Денеска сме повторно тука за нов погон кој ќе овозможи работа за уште 100 лица. Тоа покажува дека напорите на Владата на локално и централно ниво, меѓутоа и добрите инвеститори, резултираат со вистински решенија, нови инвестиции и работни места“, изјави Ставрески.
Ниските даноци и откуп на земјиштето по едно евро за квадрат, но и ослободување од комуналии, надлежните сметаат дека се клучни работи за привлекување на инвестициите и во оваа индустриска зона. За инвеститорот Тони Пандев, без помошта од централната и локалната власт, немаше да се случи отворањето на погонот, смета тој.
Од Докатекстил, кои се 100% извозно ориентирана компанија најавија дека ќе продолжат да инвестираат во едукација на вработените и во модернизирање на опремата.
Според општинските власти, сите 48 парцели во индустриската зона „Раброво“ веќе се продадени.
Слично
