Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отворен најголемиот трговски центар во Шпанија

Отворен најголемиот трговски центар во Шпанија
Британските компании за инвестирање во имот „British Land“ и „Orion Capital Managers“ вчера го отворија најголемиот моден трговски центар во Шпанија, кој се наоѓа во комплексот Пуерто Венеција. Центарот зафаќа површина од 130 илјади квадратни метри, а може да прими 2,2 милиони посетители истовремено, како дел од комплексот Порто Венеција. Овој трговски центар е единствениот во кој се застапени сите 9 марки од Индитекс групацијата, Бершла, Масимо Дути, Ојшо, Пул&Бер, Страдивариус, Лефтис, Утерк, Зара и Зара Хоум, кои зафаќаат 6 500 метри квадратни од центарот. Во склоп на понудата на Пуерто Венеција влегува отвореното лизгалиште на мраз, алпинистичка карпа за авантуристите, повеќе ресторани, кафулиња и барови. За 3Д киното е обезбеден простор од 4300 квадратни метри, а на пролет се најавува пуштање во употреба на 3000 м2 надворешен авантуристички парк.
Слично

Поврзани вести