Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отворен музеј со восочни фигури во штипско Ново Село

Отворен музеј со восочни фигури во штипско Ново Село
Нов музеј со восочни фигури, сцени и фотографии, како и автентични документи кои сведочат за најзначајните револуционерни дејци се само дел од новиот музеј на ВМРО кој во саботата беше отворен во штипско Ново Село. Министерката за култура, Елизабета Канчевска – Милеска ја информираше јавноста дека во него има сместено единаесет восочни фигури на истакнати историски дејци од илинденскиот и постилинденскиот период, кои потекнуваат токму од овој регион. Во музејот, како што информираше министерката, изложени се восочни фигури на Јосиф Ковачев, Мише Развигоров, Тодор Александров, Иван Ванчо Михајлов, Панчо Михајлов, и на Гоце Делчев и Даме Груев кои не биле штипјани, но учителствувале во Ново село. На отворањето на музејот присуствуваше и премиерот Никола груевски кој истакна дека секое камче во Ново Село крие своја историја. „Ретко се наоѓаат вакви места во кои се родиле и вдомиле толку многу познати револуционери, војводи, комити и останати дејци од илинденскиот и од постилинденскиот период. Секое камче во Ново Село крие своја историја, своја приказна и свое значење. Тргнувајќи од познатото новоселско училиште, продолжувајќи преку црквата „Света Богородица“, месноста Кај јаворот, преку разните улици, мостови, леџите, црквата „Свети Спас“, гробовите, бистите, поединечните куќи, познати или непознати семејства од штипско Ново Село“, истакна Груевски
Слично

Поврзани вести