ОТВОРЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН Белановце-Станчиќ: Милионска инвестиција финансирана од ИПА
Со 1,2 милиони евра пари од ИПА Инструментот за прекугранична соработка, но и со 105 илјади евра од Министерството за локална самоуправа денеска официјално беше пуштен во функција граничниот премин меѓу Македонија и Косово, Белановце-Станчиќ.
Високи претставници од Владата, предводени од техничкиот премиер Оливер Спасовски беа дел од отворањето на преминот чии камен темелници беа поставени во 2018 година.
Овој проект според властите на двете земји има големо знаење и дава важна политичка димензија за уште еден пробив напред на добрите односи помеѓу Македонија и Косово.
Спасовски истакна дека со овој премин ќе се олесни комуникацијата на граѓаните на општините Липково и Гнилане, но и дека ќе се зголеми трговската размена и економската соработка во регионот а ќе се развијат и бизнис врските .
