Отворен ден за посета на Македонска берза
Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во следните неколку месеци ќе организира ОТВОРЕН ДЕН за посета на Берзата.
Првиот ОТВОРЕН ДЕН ќе се одржи на 21 октомври 2015 година (среда) со почеток во 11 часот и на посетителите ќе има даде можност:
- да ги видат деловните простории во коишто се одвива работењето на Берзата;
- да се запознаат со начинот на функционирањето на Берзата и со институционалната поставеност на пазарот на хартии од вредност;
- да го проследат начинот на којшто се одвива тргувањето во живо и да бидат сведоци на склучувањето на берзанските трансакции.
Повеќе информации за ОТВОРЕНИОТ ДЕН на Берзата може да најдете на следниот линк: http://www.mse.mk/mk/content/ 14/10/2015/open-day-for-visit- the-stock-exchangea
Слично
