ОТСУТНА СУДИЈКА: Министерката за култура и Шилегов не се соочија во судница
Судското рочиште од процесот во кој министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска го тужи портпаролот на СДСМ Петре Шилегов за клевета денеска не се одржа. Причина е отсуство на судијката која го води случајот.
Рочиштето е презакажано за 5 ноември во Основниот суд - Скопје 2. Канческа-Милевска го тужи Шилегов заради неговите изјави во врска со изградбата на новиот објект на Стариот театар во Скопје.
Слично
