Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отштетите од елементарни непогоди ќе почекаат по изборите

Отштетите од елементарни непогоди ќе почекаат по изборите
Граѓаните кои претпеле штети од елементарни непогоди во периодот од 2010 до 2013 година ќе ги добијат средствата по изборите, најави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Одлуката за исплата на средствата била донесена пред околу еден месец, но Антикорупциската комисија не дала дозвола исплатата да се изврши во текот на предизборниот период. „По завршување на изборите средствата ќе бидат исплатени до сите субјекти кои претрпеле штети од овие 19 елементарни непогоди од Одлуката, а согласно извештаите добиени од општинските комисии за проценка на штета“, информира Ѓорѓиев. За оваа намена ќе бидат издвоени околу 1,2 милиони евра, а паричен надомест треба да земат оштетените граѓани од град, дожд, поплави, невреме, земјотрес, од општините Берово, Битола, Василево, Гази Баба, Дебарца, Охрид, Прилеп, Радовиш, Свети Николе и Штип зафатени во 2010, 2011, 2012 и 2013 година, кои доставиле извештаи со целосна документација.
Слично

Поврзани вести