Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЦЕНКА ЗА РЕФОРМИТЕ: Преговори меѓу Грција и кредиторите од понеделник

ОЦЕНКА ЗА РЕФОРМИТЕ: Преговори меѓу Грција и кредиторите од понеделник

Грција ќе започне преговори со меѓународните кредитори во понеделник, 1 февруари, пренесуваат грчки медиуми повикувајќи се на извор од Министерството за финансии во Атина, според кого тие ќе преминат во две фази.

„Првите ќе траат неколку дена, пауза ќе биде направена на крајот на следната недела. Потоа доверителите ќе се вратат, за да ги завршат преговорите“, објаснил изворот.

Грчката влада се надева оценката за реформската програма ќе заврши брзо, бидејќи од неа зависи доделувањето на средства од меѓународните кредитори.

За третиот спасувачки пакет средства владата на СИРИЗА се договори во средината на минатата година, ако не ги почитува предизборните ветувања и целосно се усогласи со барањата на ЕУ и ММФ.

Претстојната оценка на меѓународните институции ќе е за извршените реформи од владата до овој момент .

Слично

Поврзани вести