Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отсега лиценца за сметководител само во Институт

Отсега лиценца за сметководител само во Институт
Со цел да се поддржи и унапреди професијата сметководител во Македонија, во иднина сметководителите своите лиценци, обуки и сите останати обврски ќе ги организираат преку новиот Институт на сметководители и овластени сметководители. Како што изјави министерот за финансии Зоран Ставрески, веќе е одржано основачкото собрание кадешто се донесени одлука за основање и статут и се избрани претседател и членови на Надзорниот одбор. „Сите одлуки на основачкото собрание беа донесени со акламација. Со тоа се потврди дека професионалното здружување и организирање на сметководителите е потреба и интерес на самите сметководители", рече Ставрески. Тој информираше и дека до 6-ти ноември во Министерството за финансии биле поднесени 2 142 барања за уверенија, а заклучно со денеска Министерството издало 645 уверенија и обработило уште 417 барања за кои се подготвуваат уверенија што наскоро ќе бидат доставени до барателите. Уверенијата кои ќе се доделуваат ќе имаат важност 24 месеци,  а рокот за поднесување на барања за добивање трајни и привремени уверенија ќе трае најдоцна до 3 февруари 2013 година. Со основањето на Институтот престанаа законските обврски на министерството за финасии поврзани со професионалното организирање и дејствување на сметководителите.  
Слично

Поврзани вести