Отсечена човечка глава најдена пред кафуле во Холандија
Пред кафуле во Амстердам е пронајдена отсечена човечка глава.
Холандската полиција во Амстердам истражува дали отсечената човечка глава, која беше пронајдена пред влезот на кафулето, припаѓа на телото кое изгоре во автомобил во овој град.
Главата е пронајдена утрово пред барот во близина на паркот Вунделпарк, еден ден подоцна откако телото беше пронајдено во изгорен автомобили во предградие на главниот град.
Детективите утврдија дека телото е на 23-годишниот Набил Амзиебу, кој, како што велат, од порано е познат на полицијата.
Слично
