OТРУЕН ДИРЕКТОРОТ НА НАЈГОЛЕМАТА ЕНЕРГЕТСКА КОМПАНИЈА ВО ЈУЖНА АФРИКА: Кафето му го „зачиниле“ со цијанид
Директорот на најголемата јужноафриканска енергетска
компанија немал успех во борбата против корупцијата и систематското уништување
на таа компанија, па дал оставка, а потоа бил отруен, но за среќа преживеал.
Ова е поедноставен приказ на инцидентот што се случи пред нешто повеќе од
половина месец, додека приказната за мотивите за неговото убиство е нешто
посложена.
Во средината на декември, Андре Де Рајтер, поранешниот директор на Еском, кој произведува околу 90 отсто од електричната енергија во Јужноафриканската Република, дојде на работа со телохранител. Денот, како и повеќето вработени, започна со кафе во канцеларија.
Сепак, тој ден се разликуваше од другите. Најпрво, затоа што машината за кафе што редовно ја користел му била расипана, па добил кафе „од друг извор“. И „зачинет“ со цијанид. Многу брзо се му се слошило и побарал лекарска помош. Лекарите брзо реагирале и тој сега е во добра состојба, а тестовите на крвта покажале дека е отруен и започната е официјална истрага за овој случај.
Неуспешна борба против корупцијата
Неколку дена пред овој обид за труење, Де Рајтер поднесе оставка, иако тоа се уште не беше објавено во моментот на труењето. Затоа тој смета дека нападот врз него е резултат на борбата против собирање на кремот од енергетскиот сектор, односно „меѓу оние кои сакаат Јужна Африка да се развива и оние кои сакаат преку тоа да го зголемат своето лично богатство“, пишува Бизнис и Финансии.
