Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отровните српски штрудли ги има и во Македонија?

Отровните српски штрудли ги има и во Македонија?
Штрудлите на српски производител кај кои беше откриено поголемо количество на отровот охратоксин од максимално дозволените нивоа, се наоѓаат и на рафтовите во Македонија. Според првичните информации, се работи за штрудлите на фабриката „Житопрерада ДМ“. Агенцијата за храна сèуште врши анализа на примероци од сомнителните штрудли со смоква, за да се утврди дали присуството на охратоксин е поголемо и од границите дозволени во Македонија. Критичните нивоа на канцерогениот отров во српските штрудли беа откриени откако Европската унија врати една испорачана пратка. Било откриено дека во штрудлите има над 15 микрограми на килограм охратоксин, додека дозволеното ниво во ЕУ е само три микрограми охратоксин по килограм производ за возрасни и 0,5 микрограми за деца. Од европските пазари поради истата причина беа повлечени и крекерите од овој производител.
Слично

Поврзани вести