Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отпуштените војници штрајкуваат со глад пред Собрание

Отпуштените војници штрајкуваат со глад пред Собрание

Поранешни војници од Армијата на Република Македонија почнаа штрајк со глад пред Собранието, каде поставија и шатор за спиење. Тие бараат да им се реши статусот на стотина војници кои беа отпуштени со законските измени во 2014 година и тие повторно да бидат вработени.

Овој закон предвидува дека војниците можат да работат до 45 години, а не како до сега до 35-38 години, возраст на која биле отпуштени овие војници.

"Законот беше донесен во 2014 година, но веќе беше доцна, оти овие луѓе веќе беа отпуштени со завршена старосна граница 35/38 години. Потоа поднесовме иницијатива за опфаќање и на овие војници на кои им заврши професионалниот однос по основ на старосна граница и за вадење на претставката донесена 31.12.2013 година, со која се одредува да бидат во неработен однос. Бараме да бидеме опфатени со Законот и повторно да се вработиме", вели војникот Маријанчо Горбански.

Тој најави дека денес ќе поднесе иницијатива до Собранието за итна измена на Законот.

Фото: Вест

Слично

Поврзани вести