Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТПОВИКАНИ ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА М-НАВ - на нивно место дојдоа Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ

ОТПОВИКАНИ ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА М-НАВ - на нивно место дојдоа Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ

Во државното друштво за контрола на летање, М-НАВ, смемнети се члнови на Надзорниот одбор.

Како акционерско друштво поседувано од државата, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги во воздухопловната навигација М-НАВ, ја информира инвеститорската јавност преку Берзата дека, со одлука на Владата, а која всушност има важност како одлука на Собрание на акционери на одредено акционерско друштво, отповикани од должноста се Димитар Џеков и Едмонд Калиќи - независен и предложен од синдикалната организација, а за нови членови на Надзорниот одбор се именувани Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ, независен и члемн предложен од синдикалната организација.

Како што известуваат од ова државно АД, Надзорниот одбор на М-НАВ сега го сочинуваат Кристијан Михајлоски, Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести