Економија, финансии, бизнис

Контакт

Отпорот на опозицијата продолжува, утре ќе бидат блокирани три раскрсници во Скопје

Отпорот на опозицијата продолжува, утре ќе бидат блокирани три раскрсници во Скопје
 „На 24 декември, на црниот понеделник се случи грубо прекршување на Уставот со што целосно беше суспендирана парламентарната демократија во Република Македонија. Ако има навистина политичка волја и минимум разум кај власта, има доволно време до 24 март да се постигне политички договор со што ќе се избегне продлабочување на кризата“, рече потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев на денешната прес конференција. Тој информираше дека поради неодговорното однесување на власта, од утре наместо како досега по една, ќе бидат блокирани три раскрсници во Скопје, почнувајќи точно на пладне. „Ќе бидат блокирани раскрсниците на Партизанска пред Симпо, мостот Гоце Делчев кај Владата и раскрсницата пред „Тутунски комбинат“ кај Стара рампа. Свесни сме дека овие блокади можат да предизвикаат непријатности и нервоза кај граѓаните, но имајќи предвид дека се работи за отпор против режим, кој секојдневно им ја одзема слободата на граѓаните и иднината на земјата, апелираме за трпение и поддршка за протестите - нагласи Георгиев. Протестот  продолжува и во Куманово, каде со почеток во 18 часот ќе се организира марш против режимот кој ќе заврши со граѓански парламент.  
Слично

Поврзани вести