Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОТПОР“ против Заев, лидерот на СДСМ спокојно го чека конгресот!

„ОТПОР“ против Заев, лидерот на СДСМ спокојно го чека конгресот!
Се засилува отпорот против Заев и Шеќеринска, или мала група на незадоволници се обидува да го врати Црвенковски на тронот. Засега, во рамки на шпекулациите остануваат тврдењата дали и колку тешка битка го чека Зоран Заев со крилото на Црвенковски. Ако се суди од досегашните писма станува јасно дека „отпорот“ против Заев засега нема силна логистичка поддршка внатре во членството на партијата. Во меѓувреме Црвенковски, се уште не излегол со став дали по изборниот пораз треба да се бара одговорност од Заев. „Aктуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев да си поднесе оставка“, побара денеска одборот за поддршка на Бранко Црвенковски преку отворено писмо. „Поднесувањето на оставката ќе значи најпаметното и најдоброто нешто што сте го направиле за партијата, откако сте дојдени на чело на СДСМ“, пишува во писмото на кое е потпишан претседателот на Иницијативниот одбор, Наум Буревски. Одборот очекува Заев да ја поднесе оставката на Конгресот закажан за 11 мај. Од СДСМ пак велат дека ќе бидат донесени одлуки кои ќе бидат во интерес на државата и во интерес на граѓаните на Република Македонија. „Социјалдемократскиот сојуз ќе утврди кое е најдоброто решение за натамошното дејствување на партијата на Конгресот кој ќе се одржии на 11. Мај“, соопштуваат од СДСМ. Лидерот на СДСМ пак јасно порача дека нема намера да си замине од лидерската функција, само 10 месеци откако ја презеде. Поддржувачите на Заев сметаат дека нема причина за оставка, аргументирајќи го тоа со фајтерскиот однос на лидерот кој во само неколку недели тргна во фронтална битка обелоденувајќи многу афери за противникот. За изборниот пораз Заев оправдание најде, во како што изјави „тешкиот изборен фалсификат“.
Слично

Поврзани вести