Отпишани долговите на преку 90 проценти на лица кои примаат социјална помош
Бројот на десега еднократно отпишани долгови изнесува 427 милиони денари или над седум милиони евра, а од нив 90 проценти се лицата приматели на социјална помош.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес конференцијата денеска истакна дека ајголем дел од долговите се сметки за струја, радиодифузија, греење и долгови кон банки.
– Досегашната реализација на проектот се одвива задоволително, постигнат е добар прогрес, сите барања што се стигнати до Комисијата се обработени со исклучок на 2.700 кои беа некомплетни и за кои е побарано од апликантите да ги докомплетираат, истакна Ставрески.
Тој додаде дека проектот е многу сложен, имал обемна документација што треба да се провери, особено бидејќи некои предмети на должниците не се совпаѓаат со оние на доверителите и затоа најверојатно ќе трае неколку месеци.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов напомена дека Владата вложува максимален напор за да им помогне на најзагрозените граѓани. Досега за отпис на долгови се поднесени вкупно 41.765 барања, а за нивно решавање се формирани три комисии и посебна техничка служба.
Најголем број на донесени одлуки, 895, и износ на отпишан долг, 155,7 милиони денари, се од Скопје.
