Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТПИС НА КАМАТИ НА ДОЛГОВИ: Граѓанските здруженија бараат нов Закон а не да се турка сега предложениот

ОТПИС НА КАМАТИ НА ДОЛГОВИ: Граѓанските здруженија бараат нов Закон а не да се турка сега предложениот

Целосно нов закон за отпишување на каматите за наплата на долговите  да се донесе наместо да се трука сега предложениот бараат Граѓански здруженија.

„Со овој закон се врши легализација да се наплати нешто што воопшто не треба да се наплати. Не се виновни граѓаните што државата и судството не функционирале во 90-тите години и што предметите биле чувани“, посочи Маријан Ристевски од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија на денешната јавна расправа за Предлог-законот организирана од собраниската Комисија за финансирање и буџет. 

Граѓанските здруженија се против предложеното законско решение за отпис на каматите за наплата на долговите по основ на комунални дејности, телефонија, кабелски оператори и одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште.

Тие велат дека се работи за застарени долгови на граѓаните настанати не по нивна вина и дека предложениот закон е дискриминаторски Нивниот предог како што кажа Ристевски е да се направи закон за отпис на долговите на сите физички лица до три години. 

Слично

Поврзани вести