ОТПЕЧАТОКОТ ОД ПРСТ ГО ОТКРИ: Атентаторот во Истанбул влегол во Турција како бегалец
Терористот, кој вчера се разнесе во центарот на Истанбул и уби 10 лица, влегол во Турција како бегалец. Инспекторите на крвавиот напад го откриле тоа, кога ги споредиле отпечатоците од прстите со оние прсти кои се најдени на местото на експлозијата а тие целосно се совпаднале Ова беше објавено денеска од Дирекцијата на полицијата во Истанбул.
На 5 јануари, вторникот, 28-годишниот Набил Фадли пристигна во Турција преку границата со Сирија и заедно со уште четворица бегалци се појавил во бирото за миграцијата во соседството Зеитинбурну каде при регистрацијата му се земени и отпечатоци.
Фадли не доставил никакви документи, но побарал да остане во земјата како бегалец и посочил адреса, на кој планира да остане. Само по неколку дена сепак го напуштил квартот и исчезнал. Денес министерот за внатрешни работи Ефкан Ала изјавил дека Саудио не бил на листата на најбарани под сомневање за врски со ДАЕШ (другото име на "Исламска држава" - ) и не бил предмет на следење. По синоќешното апсење на еден негов соучесник, продолжува пребарувањето на помагачите на атентаторот-самоубиец. Министерот Ала истакнал дека истрагата оди исклучително сериозно и со брзо темпо, екипите од Дирекцијата за борба против тероризмот ги истражуваат врските и контактите на Фадли како меѓу бегалците, така и со групата ДАЕШ.
Претходно денеска стана јасно дека сите десет жртви на нападот се Германци. Утрово кај специјализираната полициска операција во еден стан е уапсена млада жена, вработена во туристичка фирма. Трагата кон неа ја доведе најден мобилен телефон, веројатно изгубен за време на експлозијата на "Султанахмет". Жената, чие име не се наведува, објаснила при сослушувањата дека минатата недела била на службено патување во Кападокија и кога во петокот навечер се вратила, заклучила дека и недостига телефонот, а во понеделникот ја блокирала SIM-картичката. Пред истражните органи таа рекла дека нема поим дали во Кападокија, или на аеродромот "Ататурк" во Истанбул го изгубила телефонот, а полицијата го смета тоа за сомнително.
Во цела Турција продолжуваат полициските операции заедно со жандармеријата за пронаоѓање на терористи. Началникот на Генералштабот денеска најави дека има 29 приведени и 9 убиени. Во Санлиурфа се проверени 20 адреси и се уапсени 21 лица, во Килис 8 лица се обиделе нелегално да се пренесат во Сирија, а за сите е докажано дека се членови на ДАЕШ.
Во Дијарбакир при проверка на автомобил е запленет воен арсенал - 10 автомати "Калашников", 3 424 патрони, снајпер, 1 013 огномети, ракетен фрлач и значително количество муниција. При операцијата во Чизре се убиени 9 терористи од сепаратистичка група, неутрализирани се 277 други, запленети се рачно изработени бомби и оружје. Во Силопи се запленети исто големо количество оружје, меѓу кои 22 автомати "Калашников", 32 рачни бомби и др. Во Сур бројот на убиените сепаратисти достигна 94 лица, во Силван повторно при проверка на автомобил е запленет воен арсенал.
