Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТП ја купи Војводинска банка од Грчка национална банка

ОТП ја купи Војводинска банка од Грчка национална банка

Преговорите меѓу ОТП и Национална Банка Грција завршија успешно и договорено е преземање на Војводинска банка заедно со НЛГ Лизинг за 125 милиони евра. Со оваа аквизиција ОТП во Србија ќе има за 5,7% поголем пазарен удел и ќе прерасне во 7 банка по големина во нашиот северен сосед.

„Во последните години ОТП Банка Србија остварува континуиран раст, а нашите очекување се дека овој позитивен тренд ќе продолжи помогнат од ова преземање, изјави Ласло Волф, заменик директорот на ОТП Банка Унгарија и претседател на Управниот одбор на ОТП Банка Србија.

Во 2016 година вкупната актива на Војводинската банка изнесуваше 1,1 милијарда евра со вкупни 810 милиони евра кредити. Банката има 1405 вработени и работи во мрежа од 105 филијали со 138 банкомати на располагање.

„Ова преземање дополнително ќе го заврсти присуството на ОТП Банка Србија и ќе овозможи долгорочна профитабилност на работењето, посочи Предраг Михајловиќ, претседател на Извршниот одбор на ОТП Банка Србија.

Инаку НБГ групацијата е една од најголемите од грчкиот банкарски сектор со операции низ цела Југоисточна Европа.

Слично

Поврзани вести