Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКРИЕНО ЗОШТО МИЛАНОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО БиХ - еве што му кажале од разузнавачката служба

ОТКРИЕНО ЗОШТО МИЛАНОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО БиХ - еве што му кажале од разузнавачката служба

Поради безбедносни причини се откажува посетата на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Босна и Херцеговина, каде што требаше да присуствува на прославата на 28-годишнината од хуманитарниот конвој „Белиот пат до Нова Била и Босна Сребрена“. 

Тао беше кратка изјава испратена утрово од кабинетот на претседателот на Хрватска. Во првите информации не можеше да се дознае какви безбедносни закани го чекаат Милановиќ во БиХ.

Меѓутоа, Јутарњи лист од друг извор дознал дека одлуката да не се оди на годишнината од хуманитарниот конвој била исклучиво на Милановиќ, а безбедносната разузнавачка агенција (СОА) само му давала информации дека може да не биде добро примен во БиХ.

„Одлуката се заснова на одлуката на Кабинетот на претседателот, а факт е дека во медиумите во БиХ владее запалива атмосфера. Факт е и дека на патот низ кој минуваше хуманитарниот конвој „Бел пат до Нова Била и Босна Сребрена“ има мешани населби, како и населби со исклучиво бошњачко население“, изјавил за оваа ситуација соговорникот на Јутарњи лист.

Коментаторите не се наклонети кон Милановиќ, а за него нема ниту убави зборови во коментарите на социјалните мрежи. Дури се велело дека хрватскиот претседател треба да биде пречекан, односно да му се пружи гостопримство на ист начин како што во 2015 година му беше пружено на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Сребреница, кога беше иссвиркан и каменувн.

Еден соговорник на Јутарњи лист посочува дека негативната атмосфера насочена кон Милановиќ се вжештила и затоа што на Бошњаците им одговара да отстапат од изборниот закон. Вели дека сигурно е дека повеќе би сакале да зборуваат за Сребреница отколку за потребата од промена на изборниот закон и рамноправноста на сите три конститутивни народи, односно правото на Хрватите да избираат свој претставник.

„Претседателот Милановиќ можеше да го прифати ризикот и да замине во БиХ, но не се реши на тоа“, вели соговорникот на Јутарњи лист, напоменувајќи дека со таа одлука всушност на сите им ја олеснил ситуацијата.

Извор: Курир.рс

Слично

Поврзани вести