Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОТКРИЕНО Е КАКО ИСЧЕЗНАЛА БЛОКИРАНАТА РУСКА ЈАХТА - хрватскиот министер за море смени тројца „виновници“

ОТКРИЕНО Е КАКО ИСЧЕЗНАЛА БЛОКИРАНАТА РУСКА ЈАХТА -  хрватскиот министер за море смени тројца „виновници“

Во Министерството за море беа направени одредени пропусти во врска со пловењето на руската јахта Ирина ВУ, под санкции, а ќе биде поведена дисциплинска постапка против началникот на Секторот за безбедност на пловидбата и Капетанијата на пристаништата во Шибеник, изјави ресорниот министер Олег Бутковиќ. 

Станува збор, како што рече, за два пропусти на Министерството за море во случајот со исчезнувањето на една од петте јахти кои беа блокирани и запечатени, а тоа беше во Хрватска.

„Првиот пропуст се однесува на запечатувањето и следењето на самата таа јахта, бидејќи никому не можете да објасните дека јахтата била пломбирана во јули, а дека дури во јануари се дознало дека ја нема, бидејќи излегла од сувото пристаниште во октомври“, рече Бутковиќ во пресрет на владината седница

„Вториот пропуст се однесува на ненавремено доставување информации до сите пристанишни власти во Хрватска. Јахтата во конкретниот случај е пријавена во пристанишната управа во Дубровник, а тие немале сознанија кои јахти се на списокот на оние кои се под блокада“, додаде тој. 

Претходните денови беа одржани низа состаноци во Министерството за море со цел да се утврди каде дошло до неуспехот и да се направи се за да не се повторат слични случаи, рече вицепремиерот.

„Го разрешив раководителот на секторот за безбедност на пловидбата, кој имаше улога да ги информира сите капетани, како и пристаништата во Шибеник и шефот на подружницата во Бетина. Ги интервјуирав. Овие луѓе тоа не го направија со цел, ова е грешка што им се случи и во таа смисла, верувам дека тоа нема да се повтори. Не сакам сега никого да распнувам, овие луѓе ќе бидат разрешени и против нив ќе биде покрената дисциплинска постапка“, истакна тој. 

На Ирина В.У., ѝ беше забрането да ги напушта хрватските територијални води бидејќи се наоѓаше на списокот на имоти на руските олигарси под санкциите на ЕУ, САД и Велика Британија. Јахтата во сопственост на Алисер Усманов и неговата сопруга Ирина, кои се блиски до рускиот претседател Владимир Путин, беше украдена од сувото пристаниште во марината Бетина на островот Муртер на почетокот на октомври.

На нејзино место во пристаништето пристигна уште една, речиси идентична јахта, додека оригиналната моментално се наоѓа во турската марина Дидим на Егејското Море. По неа е распишана меѓународна потерница, а DORH, SOA и меѓународните агенции истражуваат како јахтата завршила во Турција и покрај тоа што била под блокада.

Бутковиќ додава дека Министерството за море ќе преземе дополнителни мерки за следење на сите овие јахти и размена на информации меѓу капетаните на пристаништата. Покрај тоа, на Ирина В.У и се одземени сите сертификати, што значи дека таа повеќе не е пловна, рече министерот.

Извор: Индекс.хр

Фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести