Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откриени се нови резерви на гас близу Египет

Откриени се нови резерви на гас близу Египет

Блиску до египетскиот брег во морето се откриени нови количини на гас. 

Ова наоѓалиште е во близина на градот Рафа. Но, засега нема податоци колкави се количините на гас. Египет од 2018 година има самоодржливост кога е во прашање гасот. 64 милијарди метри кубни е нивниот просек на годишно ниво. Лани за 14.3 отсто е зголемен извозот, односно Египет има извезено гас во вредност од 8.4 милијарди долари. 

Се смета дека со тек на време Европа ќе се врати на користењето на рускиот гас. Поради инвазијата на Украина, Русија е под санкции. 

Венецуела, Нигерија, Алжир, Катар, Иран се дел од земјите во светот кои поседуваат гас.

foto freepik.com/fanijanhua

Слично

Поврзани вести