Откриена која е шестата земја која го повлече признавањето на независноста на Косово
Од министерството за надворешни работи на Србија открија која е мистериозната шеста земја која го повлече признавањето на независноста на Косово.
Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работина Србија денес на прес конференција откри дека станува збор за Папуа Нова Гвинеја: „Ние не се бориме против Приштина. Само истакнуваме дека за година дена шест земји го повлекоа признавањето.“
Пред недела дена Дачиќ објави дека добил мејл за земја која го повлекла признавањето на независноста на Косово, но не откри за која земја стаува збор, само истакна дека по површина е пет пати поголема од Србија.
Слично
