Откриен насилникот што го остави бебето на хауба!
Биолошкиот татко на бебето и невенчан сопруг на неговата мајка најверојатно е човекот што вчера го фрли 5-месечното девојче на хауба од автомобил во центарот на Скопје.
Полицијата смета дека го има сторителот на грозоморниот чин и тој веќе е приведен на информативен разговор. Насилникот побарал од мајката да му го даде бебето за да питачи со него. Откако таа го одбила, тој го грабнал, а потоа го фрлил на паркингот кај старата зграда на Министерството за финансии, во близина на полициската станица Беко.
Бебето се наоѓа на скопските клиники, со повреди на главата и колкот, како и хематоми по телото, но е надвор од животна опасност.
Инаку, повеќе двојки вчера и денеска се јавиле на Детската клиника во Скопје и тврделе дека петмесечното девојче е нивно. Директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова за Нетпрес вели дека иако повеќе родители тврдат дека бебето е нивно, сепак полицијата и истрагата која е во тек треба да ги утврди вистинските мајка и татко.
Засега пристап до бебето имаа само медицинскиот персонал и лицата вклучени во истрагата. Токму поради безбедносни причини петмесечното девојче се уште е на одделението за интензивна нега, бидејќи надлежните не можат да се сигурни дека оној што го повредил нема да се обиде пак да го стори тоа.
Експертите бараат итна превентивна реакција од државата за да се спречат ваквите случаи во иднина. Во моментов, во случаите на семејно насилство врз деца, државата реагира отпосле, кога веќе е премногу дозна, велат познавачите. Повеќе за тоа прочитајте на следниот линк:
ОСТАВЕНО БЕБЕ: Одговорно родителство, што е тоа?
Слично
