Економија, финансии, бизнис

Контакт

Открени неправилности во работата на Комунално Претпријие “ Дервен“ од Велес

Открени неправилности во работата на Комунално Претпријие “ Дервен“ од Велес
Пораст на спорните побарувања , спроведени јавни набавки со утврдени неправилности , нереално и необјективно прикажување на побарувањата – серија недоследности во работата на Јавното Комунално Претпријие “ Дервен“ од Велес откри Државната Ревизија .

“ Ревизијата смета дека треба да се обелодени фактот дека кај побарувањата од купувачите кои во 2011 та година изнесуваа 230 937 000 денари присутен е тренд на годишен пораст на побарувањата од купувачите и други спорни побарувања во просек од 5 % во послендите пет години иако нема промена во цените на услугите за водата во псоледните 10 години “ - пишува ревизијата и порачува да се применат механизми за наплата на спорените побарувања Во исто време ревизорот посочува и да не се делат аванси за вработените .

Недоследности биле утврдени и при спроведување на јавните набавки , при што државниот ревизор на Јавното велешко препријатие му порачува да ги почитува законските одредби што се однесуваат на поедноставување на тендерската процедура. Ревизијата препорачува да се преземат активности за евидентирање на основачкиот влог на фирмата во Централниот Регистер .
Слично

Поврзани вести