Откази за 91.000 државни службеници, наредба од Џонсон
Во Британија 91.000 државни службеници ќе бидат отпуштени.
Британскиот премиер, Борис Џонсон им наложи на членовите на неговиот кабинет да направат план за да се врати бројот на вработени во јавните институции на ниво од 2016 година.
„Секоја фунта што на нив им се исплаќа се пари на граѓаните што би можеле попаметно да ги искористат за свои потреби и приоритети, за сопствениот живот“, изјави Џонсон.
Во државната служба во Британија моментно има 475.000 вработени. Многу земји на европско тло и во светот се соочуваат со висока инфлација.
Слично
