Економија, финансии, бизнис

Контакт

Откази се подготвуваат во ТВ Алфа, синдикатот не успева да ги спречи

Откази се подготвуваат во ТВ Алфа, синдикатот не успева да ги спречи
Околу 20 вработени во Телевизија Алфа ќе останат без работа, а како причина се наведува лошата економска состојба и преголемиот број вработени во телевизијата. Меѓу нив има новинари и технички персонал. Синдикатот денеска седна на маса во обид да го премисли раководството за отпуштањата, но безуспешно. „Од страна на раководството беше наведено дека поради лошата економска ситуација во медиумскиот простор, во смисла на реклами и нивна наплата и, како што беше наведено, големиот број вработени, вкупно 136, како и проценката на уредниците дека сегашниот обем на работа може да се извршува и со помалку вработени, куќата треба да го намали бројот на вработени за да ги намали трошоците за плати. Менаџерскиот тим не даде конкретна бројка колку работни места треба да се затворат,но проектирано е да се постигне заштеда од 100 илјади евра на годишно ниво, што според проценката на синдикатот ќе опфати меѓу 15 и 20 вработени“, велат од Синдикатот на новинари и медиумски работници. Од менаџментот на телевизијата успеале да добијат само уверување оти до крај ќе се почитуваат законските прописи и процедурата во процесот на одредување колку, од кои сектори и кои вработени ќе бидат прогласени за технолошки вишок. Најпрво ќе се прават анализи по сектори низ телевизијата за да се утврди каде има простор за намалување работни места. Потоа ќе се формира комисија, чиј состав и број на членови дополнително ќе се утврди, која ќе има задача да го изврши бодирањето и да одлучи колкумина и кои вработени ќе заминат како технолошки вишок. Вработените во телевизијата се жалат дека превработеноста била предизвикана токму од овој менаџерскиот тим, кој во изминатиот период ангажирал 15-тина нови вработени во неколу сектори во куќата.
Слично

Поврзани вести